| четврток, 6 декември 2018 |

За 24 часа во Скопје тринаесет сообраќајки

полициски ленти
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи.
Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда, во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, еден возач на мотоцикл и тројца пешаци.
Се случиле и две незгоди со тешки телесни повреди. Првата се случила во 7 часот и 45 минути на ул. „Св. Кирил и Методиј“ наспроти дирекција на „Макпетрол“, во која учествувале велосипед управуван од граѓанин на Кичево и пешак, граѓанин на Тетово. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди се здобил пешакот. Втората незгода се случила во 9 часот на крстосницата од ул. „Мирче Ацев“ и влезот и излезот од „Градски паркинг“ лоциран на бул. „Кочо Рацин“ во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, и пешак, граѓанин од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европски извештај.
Во рамки на сообраќајно-воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Марко Цепенков“, кое се наоѓа во населеното место Зелениково со учениците од второ и четврто одделение и во средното училиште „Кочо Рацин“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров и „Јосип Броз Тито“ кое се наоѓа во општина Центар со учениците од втора и трета година.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top