Момчето кое прво беше нападното во инцидентот вели дека не ја знае причината зошто Албанците од куќата удриле со шипки и дрва по него. Тврди дека отишол само да разговара зошто го викнале, но кратко потоа бил нападнат од лица кои излегле од куќата.
– Ме викнаа и јас отидов накај човекот, како и што се гледа на снимката и почнавме да разговараме што се случило околу пцовките кои први ми ги упатија кога поминував и на кои јас вратив. Во тој момент излегоа двајца, тројца дечки со шипки и даски и почнаа да ме удираат. Тогаш паднав малку зашеметен и избегав на страна да извлечам жива глава. После видов повеќе луѓе на улицата како се двојат. Не сум кренал рака на никој, само муабет отидов на правам, за тоа ме викнаа, ама излегоа и ме маваа со шипки и дрва – тврди Никола, кој од снимките се гледа дека е нападнат по разговор, за „Курир“.
Ваквиот исказ го потврдуват уште две лица кои велат дека кога виделе дека Никола е нападнат пришле со намера да ги раздвојат луѓето и да им ги земат шипките и дрвата.
– Го викаат дечкото и тој како им се доближува од внатре од куќата излегуват со шипки и дрва и почнуваат да го удират. Тогаш доаѓаме ние и се обидуваме да ја расчистиме работата, а тие не нападнаа и нас, излегоа околу 15 луѓе од куќата и почнаа да удираат. Од снимката фали дел каде излегуваат од куќата и не удираат со летви дрвени, со шипки од арматура. Ние колку можевме двоевме, имаше и помали деца. Се започна од луѓето од куќата -вели момче кое вечерта се обидело да ја смири ситуацијата.
– Од она што ги видов знам дека во неделата едно момче беше нападнато од страна на лицата од куќата по вербална расправија, но не ги знам причините зошто го нападнаа. Поминував и застанав да видам што се случува бидејќи ја познавам и едната и другата страна. Во обид да ги раздвојам за да не се случи поголема ескалација и да не настане поголема тепачка, бидејќи од албанската страна носеа шипки, палки, арматури кои пробувавме да им ги одземеме. И по мојот грб летна неколку даски и шипки.
Сите три момчиња додаваат дека никој досега од медумите кои денес ја објавуваа снимката и изјавата на албанското семејство не се обиделе да стапат во контакт со нив за и тие да можат да ја кажат, како што велат, вистината.
Имено, во врска со целиот инцидент Министерството за внатрешни работи на разговор повика повеќе лица, по што веќе е поднесена кривична пријава против едно лице, но и прекршочни пријави против останатите.
Видеото од инцидентот погледнете го тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)


