| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ се засилува со Омејер и Акамбре

Суперскапиот ракометен тим ПСЖ ќе се засилува со нови ѕвезди следната сезона. Репрезентативците на Франција кои настапуваат за Монпелје Тиери Омејер и Вилијам Акамбре потпишаа за „светците“ и ќе настапуваат од следната сезона.
Овие трансфери оддамна беа најавувани. Омејер кој важи за еден од најдобрите голмани на светот очекувано ќе го засили ПСЖ кој се чини е најслаб на оваа позиција.
Тој дојде во Минпелје од германскиот гигант Кил и потпиша договор на три години, но по само една мината во клубот ќе ги засили големите ривали од Париз.
Акамбре си заминува од клубот бидејќи од тимот најавија намалување на буџетот и кратење на платите за следната сезона.
ПСЖ со овие двајца играчи ќе биде најсериозен кандиндат за освојување на Лигата на шампионите следната натпреварувачка сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top