Нови мерки за олеснување на водењето бизнис опфатени во новата четиригодишна програма на ВМРО ДПМНЕ, пред кумановските стопанственици, презентираше денеска носителот на листата од втората изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска.
При посетата на чевларската фирма „Тушевски“, Јанкулоска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во изминатиот период направи големи реформи во насока на олеснувањето на водењето бизнис.
– Во програмата која ја претставуваме пред стопанствениците има нови мерки кои ќе го олеснат водењето бизнис и функционирањето на фирмите ќе го направат поедноставно.Во минататото успеавме да останеме земја со најниски даноци во Европа, успеавме да создадеме бизнис клима каде што е олеснето започнувањето на бизнисот – рече Јанкулоска.
о наредниот четиригодишен период,посочи Јанкулоска, се предвидува воведување на електронски фактури со што, како што нагласи, ќе се поедностави фактурирањето помеѓу правните субјекти, ќе се избегнат грешките кои вообичаено се јавуваат заради двојно или неточно внесување податоци, ќе се заштедат трошоците и ќе се елиминраат можностите за злоупотреба.
– Исто така со новата четиригодишна програма предвидуваме и олеснување на други процедури како што се процедурите за вадење одоберанија за градба, процедури за наплаќање на давачките кон државата, електронски даноци и ред други поволности за фирмите кои ќе им го олеснат нивното функционирање – рече Јанкулоска.
За фирмите кои се извозно ориентирани, потенцира Јанкулоска, се нуди поддршка за ангажирање на менаџери кои ќе го подобрат функционирањето.
– Јас ја искористив приликата на кумановските стопанственици да им презентирам дека и со новата програма нудиме можност за кредитирање со субвенционирана стапка преку Македонската банка за поддршка на развојот. На располагање е кредит од 100 милиони евра со поволна каматна стапка од 5,5 проценти – рече таа.
Носителот на изборната листа од ИЕ 2, Јанкулоска денеска ќе оставри средба со жителите од населбата „Желазничка станица“,како и со жителите на селата Љубодраг, Ново Село и Умин Дол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.