| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 10 случаи на заболени од мали сипаници

lekari

Десет новозаболени од мали сипаници викендов биле регистрирани во Центарот за јавно здравје – Скопје. Од почетокот на епидемијата на 6 јануари годинава, досега од морбили се заразиле 74 луѓе, од кои 23 се деца до шест години.

Осум пациенти од десетте новозаболени се на возраст од 22 до 43 години, а останатите двајца пациенти се деца помали од една година, кои не подлежат на вакцинација.
Според податоците од Центарот за јавно здравје, од 5 до 10 април биле регистрирани 14 заразени со мали сипаници, од кои седум пациенти се на возраст од 30 до 43 години, а седум се деца до шестгодишна возраст.
Од вкупниот број заболени, од почетокот на епидемијата досега, 14 пациенти не подлежат на вакцинација, односно се бебиња помали од 13 месеци. Од останатите, 40 воопшто не се вакцинирани, а другите или примиле една доза од вакцината против морбили или нема податок за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top