
Вторник започнува со мала облачност, но веќе доцна претпладне почнувајќи од северниот дел од земјата ќе настапи повремено наоблачување. Оваа облачност ќе донесе повремен дожд попладне во северните краеви, а нешто подоцна и во јужните, каде ќе има и појава на грмежи. Дождот ќе се интензивира во ноќните часови. Во текот на ноќта на повисоките планински врвови (над 1600 метри) се очекуваат врнежи од снег. Во текот на вечерта ќе биде ветровито, со северен ветер кој на моменти ќе се засилува.
Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата ќе биде во границите од 19°С до 22°С во јужната половина од земјата, а во севената помеѓу 16°С и 18°С.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност претпладне, а попладне и вечер ќе има зголемување на облачноста и врнежи од дожд. Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта.. Температурата наутро ќе се спушти до минимални 4°С, а дневниот максимум ќе достигне вредност околу 17°С. Вечерта ќе донесе и повремен засилен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


