Нашата предност е во сработеното, во реформите, во делата, во мерките за подобар живот, во се она што сме го правеле и ќе го правиме… Ние ќе тераме како досега, со работа, со проекти со решавање на проблемите на народот, истакна Груевски притоа посочувајќи го примерот со невработеноста во земјата.
Тој нагласи дека во изминатиите четири години, во услови на светска криза и европската должничка криза, кога очекувањата беа дека невработеноста ќе расте, со реформи и чекори, таа е намалена за 10 проценти на 28 отсто, со отварање 120 илјади нови работни места.
Како други мерки тој ги посочи уште и субвенционирањето на каматните стапки, наместо од 15 на максимални 5,5 проценти, со што на фирмите им е овозможено да опстојат во услови на криза, потоа субвенционирањето на туризмот, од намалување на ДДВ-то за туристичките дејности, преку интензивна промоција на РМ, субвенционирање на авиолинии, на тур-операторите.
– Во услови на криза, минатата година Македонија беше земја со четврт најголем раст на економијата и четврт најнизок долг во Европа. Градежништвото порасна за 33 отсто само лани, а тоа храни други 26 индустриски гранки. Тоа се чекори кои влеваат доверба кај граѓаните, истакна Груевски.
Притоа тој посочи и редица мерки кои не биле ветени пред минатите избори, но се спроведувале паралелно со ветуваното, како што е легализација на дивоградбите, земјиштето под дивоградбите, набавката на медицинска опрема за здравствените установи, намалување на цените на лековите, проекти во образованието, компјутери за секој ученик, бесплатни учебници, законот за минимална плата, покачување на пензиите и многу други реформи.
Осврнувајќи се на новата програма, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од 2046 проекти ги издвои отворањето на најмалку 64 илјади нови работни места, со цел намалување на невработеноста од 28 на 22 отсто, зголемување на бројот лекови од позитивната листа, намалување на каматните стапки за субвениционирање кредити од проектот „Купи куќа, купи стан“, редица проекти наменети за социјално најранливите категории граѓани, меѓу кои отписот на долгови на социјалните семејства.
Груевски најави и проекти за младите луѓе, како проектот за самовработување осмислен како поттик на младите кои поседуваат сопствен капацитет за бизнис.
– Со него на младите ќе им се овозможи да подигнат кредит во износ од седум илјади евра, со грејс-период од 18 месеци, а потоа кредитот да го враќаат на 66 месечни рати, со камата од само еден отсто. Таа можност е за носителот на фирмата, а за секој нов вработен до пет работници, доколку се исто така млади до 29 години, ќе може да се добие по четири илјади евра за секоја вработен, појасни Груевски, притоа најавувајќи и други проекти за младите, меѓу кои ослободување на работодавачите од едногодишен персонален данок на доход и за придонеси за вработен млад човек.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави и многу други проекти за сите категории граѓани, во спортот, во образованието, во туризмот, од реконструкција на училишта, таблет-компјутери за учениците и студентите, се до субвенционирање на сончеви колектори за домаќинствата во износ до 500 евра, но и за приватните сместувачки капацитети. Како поддршка на стопанството предвидени се, рече, сто милиони евра со субвенционирана 5,5 процентна камата за македонските компании, за да генерираат нови работни места…
Груевски истакна и дека активно се преговара за наоѓање на стратешки партнер за ЕМО и оти на повидок е решение.
– Во сериозни разговори сме со крупна компанија од една средноевропска држава за таа да стане стратешки партнер на охридски ЕМО. Не давам ветување, туку информирам дека ќе направиме се што е во наша моќ, да ги убедиме за тој чекор. Ако не успееме со нив, ќе преговараме напорно и ќе бараме решение. За ЕМО да стане тоа што бил некогаш, силен, моќен, со вработени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во насока на подобрување на животот на граѓаните Груевски најави дека почнува и градба на технолошко-индустриска развојна зона Струга-Охрид каде ќе се сместат нови инвеститори и ќе бидат отворени нови работни места. Две големи компании, потсети, веќе најавија дека ќе инвестираат токму во тој регион.
– Реномирана германска компанија ќе инвестира во Охрид. Тие на почетокот како браунфилд инвестиција ќе вработат 100 луѓе. Кога ТИРЗ ќе биде готова таму ќе градат и ќе се прошират за да вработат 1000 луѓе, рече Груевски.
На митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ пред присутните меѓу другите се обратија и носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ за Петата изборна единица Антонио Милошоски, како и кандидатите за пратеници од Охрид ЉУбен Арнаудов, Александар Николовски и Сашо Василевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


