-Долга е листата на планови и проекти кои ги имаме за Охрид. Сега го имаме градоначалникот Никола Бакрачески, носителот на листа Антонио Милошоски, пратениците. Ние сме тим, ние тимски работиме, рече вечерва Груевски од Охрид.
Тој говореше за одличната соработка со охридскиот градоначалник, кој проблемите ги дознава лично од граѓаните, посетувајќи ги, за потоа заедно да изнајдат решение.
-Пред една година, неколку месеци по изборите, дојдов во Охрид на два дена со семејството и се договоривме со градоначалникот да се видиме, за само две точки разговаравме повеќе од три часа. Една точка беше дека ја затекнал општината со долг од 35,6 милиони евра. Ми ја објасни тешката ситуација и размислувавме како да најдеме начин да продолжиме да работиме, да се создаваат дела за граѓаните. Со таков наследен долг, Бакрачески одлично се справува во општината, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откри дека втората точка за која разговарале се луѓето во Охрид и состојбата во која тие живеат.
-Бакрачески искрено ми зборуваше дека во Охрид има невработени и сиромашни луѓе. Баравме начин да им се помогне. Градоначалникот кога работеше како лекар, луѓето доаѓале кај него, а сега тој одел од куќа на куќа, сите го примале и разговарале, тој ја видел маката кај нив.Побара да најдеме фирма која ќе дојде во Охрид и ќе вработи луѓе, му ветив дека ќе вложиме двојни напори да ги убедиме компаниите во охридско-струшкиот регион да отвараат нови работни места, рече Груевски.
Тој истакна дека веќе има две најави за инвестиции од гиганти познати во светот, кои најавија отворање на над 1750 работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


