| четврток, 6 декември 2018 |

Нова наредба на Путин:почнува борбата за Курилските острови, средете ја границата на Охотското море

Путин на Министерството за одбрана му даде задача да подготви информации за  подрачјето во Охотското море, кое се простира на 200 наутички милји од почетокот на исклучително економски појас, а претставува епиконтинентален појас.

Агенцијата „РИА новости“ минатиот месец пренесе дека комисијата на Обединетите нации за разграничување, признала дел од Охотското море со површина 52.000 квадратни километри како епиконтинентален појас на Русија.

Охотското море се наоѓа крај руското крајбрежје на исток, северно од брегот на Кина и Јапонија, како залив во Тихиот океан,а поврзано е со Беринговото море кое се простира до Аљаска.

Во Охотското море спорни се Курилските острови. Рускиот министер за природни ресурси Сергеј Донској изјави тогаш дека одлуката на комисијата на Обединетите нации во тој дел од морето, кој досега не и припаѓал на ниту една земја.

-Рускиот суверенитет се простира од сега на сите ресурси кои лежат под дното на Охотското море, рекол Донској.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top