| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Црно море: Руски борбен авион провоцирал американски воен брод, светот на раб на војна

Колку е напната ситуацијата во Украина и колку таа напнатост се рефлектира на односите на светските велесили сведочи известувањето на агенцијата „Асошиетед прес“ за драматичниот инцидент на Црното море.

Американците одлучиле таму да и ги покажат мускулите на Русија и да им дадат поддршка на прозападните власти во Киев испраќајки неколку воени бродови. Во саботата, според „Асошиетед прес“, Москва одлучила да покаже кој е всушност газда во Црно море.

Еден руски воен авион од марката „Сухој“ во неколку наврати со голема брзина во изразито низок лет му се приближил на бродот УСС Кук. Наводно дошол на само илјада метри од бродот и на висина од 150 метри продолжил да го надлетува и болетува цел час и половина.

Заповедниците на бродот ова го сфатиле како провокација и кршење на меѓународните договори па со радиска врска во повеќе наврати го предупредиле пилотот да престане тоа да го прави. Иако е наменет за борбени дејствија, на Американците им се причинило дека овој „Сухој“ не бил опремен со класично вооружување. Се на крајот се завршило без размена на оган.

Од Пентагон за „Асошиетед прес“ исто така тврдат дека во близина на бродот има и еден руски воен, и иако јасно го гледаат со голо око, сметаат дека засега не ја поминал црвената линија зад која би се сметале загрозени.

Американскиот брод во Црно море доплови на 10 април и досега се движел во меѓународни води во релативна близина на Романија, инаку членка на НАТО. Освен класичната посада и стандардното вооружување, на него има и неколку воени хеликоптери подготвени во секое време да се вклучат во евентуална акција. Денеска тој се всидри во романското пристаниште Констанца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top