| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли со пофални зборови за Пит: Тој е прекрасен татко, преполн со љубов

Maddox Jolie-Pitt, Angelina Jolie, Brad Pitt

Холивудската актерка Анџелина Џоли во едно интервју првпат проговори за врската со својот партнер Бред Пит, велејќи дека актерот е прекрасен татко, полн со љубов.

– Тоа е толку секси и убава особина кај мажите, кога своите татковски одговорности ги сфаќа многу сериозно – изјави Џоли.

Таа признава дека секогаш се разнежнува кога го гледа Бред како си игра со децата.

– Тој е толку природно разигран и весел, кога е со нив – изјави Џоли.

Парот има шест деца, а актерната признава дека порано никогаш себеси не се замислувала во улога на мајка.

– Кога бев млада, не верувам дека некогаш ќе бидам мајка, но чувстувата се совладаа кога го посвоив Медокс и почнав да живеам со Бред – рече Џоли, додавајќи дека Пит секогаш има време за децата, а таа им чита приказни за добра ноќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top