Мамузите од Сан Антонио по 17 пат едноподруго ќе играат во плејофот во НБА, што е најдолга актуелна серија во најсилната кошаркарска лига, а веднаш зад нив е Атланта хоукс со обезбеден седми настап во низа.
Тим Данкан, Тони Паркер, Ману Џинобили и останатите кошаркари од Сан Антонио ќе тргнат од првата позиција во доигрувањето, бидејќи имаат најдобар биланс во целата лига. За разлика од нив Хоукс и Перо Антиќ во битката за титулата ча стартуваат од осмата позиција во Источната конференција.
Противниците во првото коло од плејофот на двата состави со најдолги серии се уште не се познати, а останува да се доигра регуларниот дел од сезоната, за да биде јасно кој против кого ќе игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.