| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишан билатерален договор за заемна соработка со НР Кина

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и заменик-министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина, Јанг Хуанинг, кој е во дводневна работна посета на Република Македонија, денеска во МВР потпишаа билатерален договор за заемна соработка. Како што нагласи министерката Јанкулоска, со овој договор, којшто практично е реализација на она што беше договороено при минатогодишната посета на Јанкулоска на НР Кина, дополнително се продолабочува и зајакнува билатералната соработка меѓу двете земји во обостран интерес.

Всушност, како што заклучија двајцата министри на средбата што претходеше на потпишувањето на договорот, овој документ ќе претставува значаен импулс за интенивирање на меѓусебните контакти, размени на информации, заеднички проекти во области коишто имаат особено широк простор за соработка, како што се борбата против недозволена трговија со дрога, илегална миграција, тероризмот, како и борбата против интернет-криминалот и други глобални закани.

Истовремено, беше нотирано дека во делот на соработката односите сѐ повеќе добиваат на интензитет со самиот факт што поголема група вработени во МВР веќе учествувале на различни обуки во НР Кина.

Како што истакна министерката Јанкулоска по средбата со господинот Хуаннинг, наша цел е да воспоставиме стабилен систем на размена на информации во сите области кои веруваме дека ќе помогнат во однос на подобро функционирање во делот на прашањата кои се во надлежност на МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top