| четврток, 6 декември 2018 |

Мистер Бин има нова девојка – 28 години помлада од него

Британскиот актер Роуан Аткинсон во февруари се разведе од неговата сопруга Сунетра Састри по 23 години брак, а веќе има нова љубов.
Познатиот Мистер Бин е во врска со 31-годишната актерка Луис Форд, со која работел на претстава во театарот во Вест Енд.

Quartermaine's Terms

Форд е 28 години помлата од 59-годишниот Аткинсон, но и покрај големата разлика во години, двојката не ја крие својата врска од јавноста.

– Се чини дека се навистина среќни заедно. Тие се обидуваат да поминуваат што повеќе време заедно – вели нивен пријател за „Дејли меил“.

Комичарот со поранешната сопруга ги има синот Бен (20) и ќерката Лили (19).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top