| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејн: САД да ги вооружат Украинците

john_mccain_

Американскиот сенатор Џон Мекејн оцени дека САД треба да им испратат оружје на Украинците и да се воведат нови санкции за руската економија поради спречување на руското ширење во регионот.

– Неопходно е САД да дејствуваат многу посилно по растот на тензиите во источниот дел на Украина. Немирите во источна Украина се резултат на неуспехот на САД да направат што било значајно откако Русија го припои Крим, што беше предвидливо – посочи Мекејн.

Тој наведе дека САД и Европа треба да воведат „многу сериозни“ санкции кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top