| четврток, 6 декември 2018 |

Истече ултиматумот на украинскиот претседател

Crisis in Ukraine

Во 8 часот по наше време истече ултиматумот кој украинскиот претседател го даде на проруските демонстранти на истокот на земјата за да го предадат оружјето и да ги напуштат зградите, во спротивно ќе се соочат со „опсежна антитерористичка операција“.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина поради случувањата на истокот на земјата донесе одлука за опсежна антитерористичка операција со ангажирање на вооружените сили, соопшти претседателот на Врховната рада и вршител на должност шеф на државата, Олександр Турчинов.

Руската агенција „РИА новости“ наведува дека Турчинов издал ултиматум на приврзаниците за федерализација“ на Украина до утрово да ги напуштат административните згради кои ги зазедоа на истокот на земјата. Протестите во Донецк, Харков и во Луганск траат од март, а учесниците во протестите бараат референдум за статусот на нивниот регион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top