
Од досега преброените 87 проценти од гласовите, според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов има предност од 117.000 гласа.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, има 428.000 гласа, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, 311.000 гласа, кандидатот на ДПА, Илијаз Халими, 27.700 гласа и кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, 27.600 гласа.
Досега се изброени и 19.200 неважечки ливчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


