Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард не можеше да ги сокрие емоциите по големата победа на неговата екипа над Манчестер Сити и изјави дека тие се наоѓаат пред четири големи финалиња.
– Ова е многу емотивен момент, но мораме да останеме смирени. Ова беа најдолгите 90 минути кои сум ги одиграл. Чуствував како саатот да оди наназад. Покажавме дека ја сакаме титулата. Ова е најгласната порака која ја пративме. Пред нас се четири финалиња, а тоа не е малку – изјави Џерард.
– Во овој момент ми недостасуваат зборови да ви го опишам овој момент. Што се однесува до говорот на крајот на натпреварот, тоа вас не треба да ве интересира. Верувам дека знаете што им кажав на моите соиграчи – рече низ солзи капитенот Џерард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


