| четврток, 6 декември 2018 |

Во Новаци најголем одѕив – до 10 часот гласале 24 отсто од избирачите

izbori

Избирачкиот процес во пелагониските општини се одвива во мирна и демократска атмосфера, без проблеми, информираат од општинските изборни комисии во Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила.

Во првите три часа во Битола гласале 13,61 отсто од избирачкото тело, во Могила до 10 часот гласале 5,96 отсто од граѓаните со право на глас, а најголем одѕив има во општина Новаци, каде досега гласале околу 23 отсто од лицата запишани на Единствениот избирачки список.

Во општина Демир Хисар се гласа на 41 избирачко место, а право на глас имаат 7.395 граѓани. – До 10 часот на гласачките места гласаа 11,86 отсто од граѓаните, истакна  претседател на ОИК Демир Хисар, Васко Бојаџиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top