| четврток, 6 декември 2018 |

На демонстрациите во Рим повредни 40 лица

рим демонстрации

Најмалку 40 лица се повредени во синоќешните судири меѓу демонстраните и полицијата во италијанскиот главен град Рим, објави весникот „Кориере дела сера“

Најтешко е повреден е 47-годишен маж кој ја загубил раката од експлозивно средство. Десетина од повредените се демонстранти, а останатите се полицајци. Седуммина се приведени, соопшти полицијата.

Протестите беа организирани од различни движења – против станбената политика, економската ситуација, против состојбата на пазарот на трудот, студенти како и противници на изградба на брза пруга меѓу Лион и Торино.

Според организаторите, во демонстрациите учествувале повеќе од 15.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top