| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел со предупредување дека Путин не смее да се потцени

merkelzakana

Ангела Меркел, германската канцеларка во интервју за грчките медиуми, при посета на Атина изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не смее да се потценува. Оваа изјава се однесува на ставот нан Путин околу испораката на гасот.

– Постојат многу причини за пораката на Владимир Путин ја сватиме сериозно. Важно е Европа да излезе со заеднички и единствен одговор. Европските земји се подготвени да бидат добар клиент на Русија, но сакаме да бидеме сигурни дека снабдувањето со гас нема да биде прекинато, истакнала германската канцеларка.

Путин испрати писмо до  18 државници во Европа, во кое  предупредува дека можна е прекин на испораката на гас, ако Украина не го плати долгот за овој енергент.
Русија ги задоволува потребите на гас за Европа во износ од 35 проценти, а со нафта 36 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top