| четврток, 6 декември 2018 |

Јастребите од Атланта слетаа во плејофот во НБА со победа против шампионот Мајами

Атланта хоукс го победи шампионот во НБА лигата Мајами хит со 98-85 и си обезбеди учество во плејофот како осмопласирана екипа во Источната конференција.

Популарните „јастреби“ играа без Перо Антиќ, кошаркар кој е прв од Македонија што настапува во најсилната лига на светот. Антиќ имаше огромен придонес на патот кон пласман на Хоукс во доигрувањето, а си прокнижи уште еден успех за историја. Тој е и првиот македонски кошаркар што ќе бие битка за титулата во НБА лигата. Се очекува тој да игра во плејофот, иако мака мачи со скочниот зглоб.

Со триумфот против Мајами, Атланта ги замрси сметките на Хит во борбата за првата позиција на Истокот, бидејќи сега Мајами и Индијана имаат ист биланс од 54 победи и 26 порази и упте два меча до крајот на регуларниот дел од сезоната. Токму првопласираниот тим ќе игра против Перо Антиќ и соиграчите од Атланта во првото коло од плејофот во Источната конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top