| четврток, 6 декември 2018 |

Дирекција на храна и ветеринарство: внимавајте се продаваат отровни бои за јајца!

Во пресрет на велогденските празници од Дирекцијата за храна и ветеринарство апелираат до ѓраѓаните да не купуваат рефус бои за јајца ту­ку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за ко­рис­те­ње.

Како што пренесува дневниот весник „Вест“, опасноста демне оттаму што во боите на лажичка наместо прехранбени бои за јајца, може да се најдат соединенија за бојадисување кожа или облека. Ваквите трик-трговски миксови што се прават за да фати бојата повеќе, одат дотаму што во некои црвени бои се ронат ќерамиди за да се засили дејството на бојата. Боите за вапсување велигденски јајца кои се продаваат рефус, односно се мерат на лажиче се набавуваат од земјите во соседството, најчесто од Србија и од Бугарија, а се претпоставува дека тие не се бои за храна туку се текстилни бои. Нивниот квалитет е неиспитан, не­си­гу­рен и, бидејќи не се заштитени со соодветна амбалажа, лесно можат да ста­нат штетни за употреба. Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, доколу се стават на веќе оштетени лушпи од јајцето. Тогаш ток­сич­ни­те метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јај­це­то.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top