| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ја прекинува исплатата на рускиот гас до завршување на преговорите за цената

P
– Украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“ ја прекинува исплатата на гас од Русија се додека завршат преговорите меѓу двете страни за цената на ова гориво – изјави генералниот директор на компанијата Андриј Коболев.
Рускиот гасов гигант „Гаспром“ претходно овој месец двојно ја зголеми цената на гасот за украинските потрошувачи од 268 на 485 долари за 1.000 метра кубни, нагласувајќи дека Киев не може повеќе да има корист од претходните повластици.
– Не гледаме причина за промена на цената. Сметаме дека цена од околу 500 долари е непазарна, неправедна и неприфатлива. Поради тоа ја прекинуваме исплатата во периодот на преговори – истакна Коболев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top