Целиот свет се преплаши минатата година кога мал метеор направи вистински хаос над Русија, иако знаеме дека ваквите удари знаат да бидат мошне чести. Но, научниците реконструираа како би изгледало кога на Земјата би удрил астероид како оној кој ги збришал диносаурусите, од лицето на земјата.
Пред три милијарди и двеста шеесет години, океаните испариле, небото станало црвено, а тлото на земјата се тресело половина час. Земјата ја удрил астероид со пречник од 48 километри.
Астероидот го удрил подрачјето на денешна јужноафриканска република, иако Земјата тогаш не изгледала како денеска. Бил направен кратер со пречник од 478 километри. Ударот имал толкава сила што ослободил неверојатно количество на енергија што горниот дел од океанот испарил, а цунамито кое настанало било високо повеќе од сто метри.
Научниците сето ова успеале да го реконструираат проучувајќи фрактури во словените на зелените стени во Јужна Африка. Пукнатините кои научниците го проучувале настанале кога астероидот удрил во Земјата со брзина од 67 илјади километри на час. Тектонските процеси за време на сите овие години од тогаш ги избришале сите траги од ударот, но научниците пронашле траги на песок со големина на карпи. Тука пронашле и траги на иридијум, елемент кој е релативно редок на Земјата, а го има во астероидите.
Со помош на добиените податоци, научниците креирале модел на ударот. Заклучиле дека огромниот астероид кој удрил во океанот ослободил неверојатна количина на енергија од која настанала цунами, и сеизмички бранови преку целата планета. Овој удар се случил во периодот на историјата на Сончевиот систем кога големите астероиди уште се движеле околу Сонцето, и ударајќи во нив, ги формирале планетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.