Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски во рамките на својата поста на Гостивар ја посети компанијата за преработка на камен и изградба на патишта “Прогрес 98”.
Попоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма “Проверено” има предвидено многу проекти од големо значење за градот Гостивар и регионот.
– За овој програмски период е предвидена рехабилитација на регионалниот пат Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар во должина од 16 километри со поставување на нов асфалт и обезбедување на современ регионален пат, кој ќе ја зголеми и безбедноста во сообраќајот, истакна Попоски.
Во продолжение на посетата Попоски се сретна со Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и изрази задоволство од нивната активност и ангажираност како во минатото, така и во моментов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)



