| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Предвидена е рехабилитација на регионалниот пат Тетово-Гостивар

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски во рамките на својата поста на Гостивар ја посети компанијата за преработка на камен и изградба на патишта “Прогрес 98”.

Попоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма “Проверено” има предвидено многу проекти од големо значење за градот Гостивар и регионот.

IMG_0744-1000Veterani

–  За овој програмски период е предвидена рехабилитација на регионалниот пат Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар во должина од 16 километри со поставување на нов асфалт и обезбедување на современ регионален пат, кој ќе ја зголеми и безбедноста во сообраќајот, истакна Попоски.

Во продолжение на посетата Попоски се сретна со Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и изрази задоволство од нивната активност и ангажираност како во минатото, така и во моментов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top