| четврток, 6 декември 2018 |

Светската ѕвезда Стромае на Егзит

Водечкото име на хип-хоп сцената од француско говорно подрачје и хитмејкерот Пол Ван Авер, повеќе познат како Стромае, ќе настапи на 10. Јули на Егзит фестивал. Стромае е сопственик на мегахитовите „Alors on danse“, „Papaoutai“ и „Formidable“, со околу 350 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот и многубројни први места на најважните музички листи во повеќе од 10 земји ширум Европа.

Оној момент кога „Alors on danse“ беше пуштен во живо во радиската програма, Стромае стана име кое се памети. За кратко време, спотот за оваа песна ја надмина бројката од 50 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот, додека ремикс на овој голем хит направи ни повеќе ни помалку, туку славниот Кање Вест. Помеѓу милионите фанови ширум светот се вбројуваат и познатите личности како што се Дипло, Блек Ајд Пис, Ана Винтур, Жан Клод Ван Дам и многу други.

Во мај 2013. година објавен е новиот сингл „Papaoutai“, кој достигна речиси 135 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот, освојувајќи многубројни европски музички листи. Спотот за оваа песна го најави албумот „Racine Carrée“, благодарејќи на кој во ноември Стромае ја освои „Ем-ти-ви“ наградата за најдобар белгиски изведувач за 2013. година. Овој албум само осум месеци по објавувањето во Европа беше продаден во повеќе од два милиони примероци.

Минатата година на „Јутјуб“ се појавија аматерските снимки кои го прикажуваат Стромае наводно пијан како скита во раните утрински часови по Лоуиза станицата во Брисел. Видеото набргу стана вирален хит. Неколку дена подоцна се дозна дека во прашање се извадоци од снимањето на неговиот нов спот, за синглот „Formidable“. Спотот кој прикажува пијан човек кој тукушто раскинал со својата девојка, со молскавична брзина ја освои наклонетоста на интернет заедницата и за кратко време достигна над 70 милиони прегледувања, а новиот сингл го зацврсти статусот на Стромае како нова, сјајна ѕвезда на музичката сцена.

Директно од топ листите, Стромае на 10. јули доаѓа на Егзит фестивал да ја претвори Петроварадинската тврдина во голем танцувачки подиум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top