Вчера на декан проф.др.Рубин Гулабоски му го провалиле автомобилот и му го украле лаптопот во кој му била целата негова научно истражувачка работа, односно со тоа му заминала една третина од животот, како што напиша тој. Ви го споделуваме неговиот статус кој го објави на „Фејсбук“ можеби ќе се најде некој разумен и ќе му го врати.
– Вчера колу 17.30ч на Паркингот позади Институтот за Хемија на ПМФ Скопје ми беше обиен автомобилот и беше украден мојот ранец во кој имаше лап топ НР и вредни документи. Сигурен сум дека никогаш нема да го најдат или вратат назад тоа што ми го украдоа, но тој што го украде, ако е доволно свесен, треба да знае да не го продава Лап Топ-от за „една доза“, во тој компјутер има пола живот работа посветена на науката и студентите…има резултати од експерименти и има теоретски модели што него сигурно не му требаат и ништо не му значат…но во тој компјутер има и многу судбини, препораки за студенти за стипендии, мотивациони писма, начини како да се синтетизираат важни соединенија, проекти, научни трудови…едноставно во тој компјутер има голем дел од мене и од многу други што соработуваат со мене…Го молам тој што го украде лап топот, да не го продава истиот само за шприц и за доза нечист криумчарен хероин…нека ги зачува податоците и ќе му ги платам 10 пати повеќе отколку што тој ќе го продаде компјутерот…грешката е моја, јас наивен како и секогаш оставам лап топ во средина каде што таа наркоманска багра од Гази Баба и фетус во втори месец може од утроба да украде…јас ги ислушувам им помагам на сите на кои тоа можам да го направам…но јас немам кому сега да се пожалам и кој мене да ми помогне…замина третина од мојот живот со тој ранец и со тој компјутер…сум живеел во 15тина градови во Европа…но како што имам одбивност кон Скопје, немам кон никој друг град, …едноставно ми се гади и превртува кога ќе треба да одам службено во тој град, се плашиш секој момент не само за својот имот, туку и за својот живот…слободното движење во голем дел од тој град е метафизика…најверојатно тоа ќе биде мое последно одење со автомобил, …а може и воопшто во тој град….што би рекол Шпикио-…Бато Скопје е БЕЈРУТ…ШПИКИ БРАТЕ, ТИ СИ БИЛ ПРОКЛЕТО ВО ПРАВО!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На пописот во 2020 нема да има листови хартија, само лаптопи
-
Го држите лаптопот во скут?Прочитајте го ова пред да добиете лузни
-
Повлечени 100 000 батерии за лаптоп: Ако имате некој од овие модели, треба да ги замените
-
Повлечени 100 000 батерии за лаптоп: Ако имате некој од овие модели, треба да ги замените