Компанијата HP повлекла 101 илјада литиум-јонски батерии од неколку свои различни модели на лаптопи. Во јуни минатата година HP исто така повлече 41 000 батерии од безбедносни прични, откако Kомисијата за безбедност на потрошувачите утврди дека може да прегреат и да предизвикваат пожар.
Моделите на лаптоп компјутери кои имаат од спорните батерии се HP ProBook, HP ENVY, Compaq Presario i HP PAvilion notebook кои биле достапни на пазарот ширум светот од март 2013 година до октомври 2016. Комисијата за заштита на потрошувачите советувала корисниците веднаш да ги извадат батериите од своите лаптори и да ја контактираат компанијата за бесплатно да им бидат заменети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.