| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Потенцијалните студенти да се фокусираат на техничките науки, поголема шанса за работно место

ristovski_1007_g1_0

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денес го повтори ставот на Владата и МОН во врска со уписите на факултетите.

-Во суштина, сите квоти и генерално уписите на факултетите  треба  да бидат во корелација со потребите на пазарот на трудот. Јас во оваа прилика, како и многу пати досега, апелирам до потенцијалните студенти, магистранти и докторанти да се фокусираат на техничките науки. Тоа не е нешто што му се допаѓа на министерот за образование или на Владата, тоа е нешто што го диктира пазарот на труд и она што реално инвеститорите, странски и домашни, го имаат како реална побарувачка за профили за вклучување во нивните работни процеси и со многу поголема шанса за добивање на работно место – рече министерот Ристовски.

Тој истакна дека оваа Влада во континуитет и конзистентност на нивната политика и натаму ќе продолжат со квоти да одговараат за потребите на пазарот на труд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top