Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денес го повтори ставот на Владата и МОН во врска со уписите на факултетите.
-Во суштина, сите квоти и генерално уписите на факултетите треба да бидат во корелација со потребите на пазарот на трудот. Јас во оваа прилика, како и многу пати досега, апелирам до потенцијалните студенти, магистранти и докторанти да се фокусираат на техничките науки. Тоа не е нешто што му се допаѓа на министерот за образование или на Владата, тоа е нешто што го диктира пазарот на труд и она што реално инвеститорите, странски и домашни, го имаат како реална побарувачка за профили за вклучување во нивните работни процеси и со многу поголема шанса за добивање на работно место – рече министерот Ристовски.
Тој истакна дека оваа Влада во континуитет и конзистентност на нивната политика и натаму ќе продолжат со квоти да одговараат за потребите на пазарот на труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови