| четврток, 6 декември 2018 |

Изборот е ваш!

Колумнист: Ненад Мирчевски

Колумнист:
Ненад Мирчевски

По­чи­ту­ва­ни чи­та­те­ли на „Ре­пуб­ли­ка“,

Пред нас се пет­ти­те по ред пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри во не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. На 13 април ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ќе гла­са­ат во, до­се­га, по­фер и по­де­мо­крат­ски ус­ло­ви од кои би­ло прет­ход­ни из­бор­ни цик­лу­си. За раз­ли­ка од не­кои „про­фе­си­о­нал­ни“ но­ви­на­рски пера во зем­ја­ва, јас не­ма да аги­ти­рам за ни­ту еден пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, ни­ту ќе ве убе­ду­вам чие име да го за­о­кру­жи­те. Не за­тоа што не­мам свој фаворит, ту­ку за­тоа што из­бо­рот е ваш и тре­ба да го на­пра­ви­те вие са­ми­те.

Мо­ја­та по­ра­ка до вас, чи­та­те­ли­те на не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“, и до си­те Ма­ке­дон­ци во зем­ја­ва и во све­тот ка­де што ќе се гла­са за пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та, е без дво­у­ме­ње да го иско­ри­сти­те де­мо­крат­ско­то пра­во и да из­ле­зе­те на гла­са­ње. Ма­сов­ни­от од­ѕив на гра­ѓа­ни­те ќе да­де по­ре­ал­на сли­ка за вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те, а со тоа и по­го­ле­ма ле­ги­тим­ност на из­бра­ни­от пре­тсе­да­тел. Но, по­крај тоа, ма­сов­ни­от од­ѕив ќе упа­ти по­ра­ка до си­те тие што има­ат по­и­на­кви пла­но­ви де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род знае и мо­же да од­бе­ре пре­тсе­да­тел на фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри и де­ка не доз­во­лу­ва да би­де уце­ну­ван.

Ко­га ќе за­ста­не­те зад па­ра­ва­нот, оста­ну­ва на вас ко­го ќе го од­бе­ре­те од че­тво­ри­ца­та кан­ди­да­ти. Под­др­же­те го тој кан­ди­дат за кој сте дла­бо­ко уве­ре­ни де­ка е ва­ши­от ви­стин­ски из­бор. До­ве­ре­те го ва­ши­от глас на кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел за кој сме­та­те де­ка има нај­до­бра по­ну­да за вас, но и де­ка, во исто вре­ме, е доб­ле­сен за да ги ис­пол­ни ва­ши­те оче­ку­ва­ња. Гла­сај­те за тој за кој сме­та­те де­ка мо­же да му ве­ру­ва­те, за тој што ви оста­вил впе­ча­ток де­ка е че­сен и искрен, пред сѐ чо­век, а по­тоа и по­ли­ти­чар, по­и­на­ков од дру­ги­те.

Не пот­па­ѓај­те под ни­чии при­ти­со­ци, не пла­ше­те се од ни­ка­кви за­ка­ни и не слу­шај­те ги тие што го пот­це­ну­ва­ат ва­ши­от став. Со ва­ши­от глас за ви­стин­ски­от кан­ди­дат вие во исто вре­ме ги каз­ну­ва­те си­те тие што упор­но го на­вре­ду­ва­ат ва­ше­то до­сто­инс­тво со лаж­ни и не­из­др­жа­ни ве­ту­ва­ња, си­те тие што во из­ми­на­ти­от пер­и­од аро­гант­но се од­не­су­ва­ат кон вас пот­це­ну­вај­ќи ја ва­ша­та моќ, си­те тие што со евти­ни фин­ти се оби­ду­ва­ат да ве иско­ри­стат.

Ва­ши­от глас во­ед­но ќе би­де и по­ра­ка до си­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри во др­жа­ва­ва де­ка де­нес Ма­ке­до­ни­ја жи­вее во ед­но но­во вре­ме, во кое гра­ѓа­ни­те точ­но зна­ат ка­кви по­ли­ти­ча­ри и ка­кви ли­де­ри са­ка­ат да ги во­дат.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top