Почитувани читатели на „Република“,
Пред нас се петтите по ред претседателски избори во независна Македонија. На 13 април македонските граѓани ќе гласаат во, досега, пофер и подемократски услови од кои било претходни изборни циклуси. За разлика од некои „професионални“ новинарски пера во земјава, јас нема да агитирам за ниту еден претседателски кандидат, ниту ќе ве убедувам чие име да го заокружите. Не затоа што немам свој фаворит, туку затоа што изборот е ваш и треба да го направите вие самите.
Мојата порака до вас, читателите на неделникот „Република“, и до сите Македонци во земјава и во светот каде што ќе се гласа за претседател на државата, е без двоумење да го искористите демократското право и да излезете на гласање. Масовниот одѕив на граѓаните ќе даде пореална слика за волјата на граѓаните, а со тоа и поголема легитимност на избраниот претседател. Но, покрај тоа, масовниот одѕив ќе упати порака до сите тие што имаат поинакви планови дека македонскиот народ знае и може да одбере претседател на фер и демократски избори и дека не дозволува да биде уценуван.
Кога ќе застанете зад параванот, останува на вас кого ќе го одберете од четворицата кандидати. Поддржете го тој кандидат за кој сте длабоко уверени дека е вашиот вистински избор. Доверете го вашиот глас на кандидатот за претседател за кој сметате дека има најдобра понуда за вас, но и дека, во исто време, е доблесен за да ги исполни вашите очекувања. Гласајте за тој за кој сметате дека може да му верувате, за тој што ви оставил впечаток дека е чесен и искрен, пред сѐ човек, а потоа и политичар, поинаков од другите.
Не потпаѓајте под ничии притисоци, не плашете се од никакви закани и не слушајте ги тие што го потценуваат вашиот став. Со вашиот глас за вистинскиот кандидат вие во исто време ги казнувате сите тие што упорно го навредуваат вашето достоинство со лажни и неиздржани ветувања, сите тие што во изминатиот период арогантно се однесуваат кон вас потценувајќи ја вашата моќ, сите тие што со евтини финти се обидуваат да ве искористат.
Вашиот глас воедно ќе биде и порака до сите политички фактори во државава дека денес Македонија живее во едно ново време, во кое граѓаните точно знаат какви политичари и какви лидери сакаат да ги водат.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст