| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш секс-симбол, денес здебелен и остарен до непрепознатливост

Холивудскиот актер Том Круз (51) е сѐ подебел. Неговиот буцкаст изглед изненади голем број негови колеги, кога Круз видно здебелен се појави на доделувањето на наградите „Џејмисон емпајр“ во Лондон, пишува американскиот „Шоубиз“.

– Изгледаше бизарно, како да ставил дебела маска врз лицето – изјави еден очевидец.

Неименуван извор тврди дека Том Круз е очаен и сѐ уште не го пребродил разводот од сопругата Кејти Холмс, па затоа и започнал да ги натрупува килограмите.

tom kruz 2

– Иако Том Круз реди успеси во неговата кариера откако Кејти го остави, тој е скршен – тврди Ендрју Мортон, автор на бестселерот „Том Круз: неовластена биографија“.

Друг извор за медиумот тврди дека најболно за актерот било тоа што гледа колку лесно Кејти продолжи со својот живот.

– Тој се здебели десетина килограми, а тие се  највидливи на неговото лице – вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top