| четврток, 6 декември 2018 |

Талески: Во индустриската зона во Битола летово ќе започнат да се градат 5 фабрики

televski500

– Изминативе години имавме значајни проекти кои ги работевме заедно со владата на Република Македонија, но истите немаше да се реализираат доколку немавме  и имавме одлична соработка со Владата, со пратениците и благодарение на законите поддржани од претседателот Ѓорге Иванов. Затоа нашите граѓани се повеќе ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ – изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески од отвореното студио, пред почетокот на митингот во Битола.

Тој нагласи дека во индустриската зона Жабени голем број на инвеститори започнала да гарадат свои капацитети.

-Индустриската зона Жабени е првиот проект од големиот бран инвестиции во индустриските зони. Ние се судривме со голема невработеност која ја наследивме од транзицијата и главна тема меѓу граѓаните порано беше невработеноста, затоа размислувавме како да им помогнеме. Јас по сугестија на голем број стопанственици и идејата беше да направиме индустриска зона, посетивме индустриски зони во Бугарија, Германија, а јас лично имам посетено такви индустриски зони и во Австралија, и тогаш решивме да го спроведеме тоа и во Битола – рече градоначалникот Талески.

Тој додаде дека зоната ја правеле за домашните инвеститори и дека не очекувале дека странските инвеститори да инвестираат во неа.

-Ја правевме за домашните инвеститори, не мислевме дека ќе има интерес од страски инвеститори, но Владата даде многу добри услови за инвеститорите, потоа ние како општина направивме дополнителни поволност и бевме првата општина која даде 100 процентно ослободување од комуналии за инвеститорите. Резултатот е тоа што денеска ја имаме Кромберт и Шубер, која има вработено 1200 наши граѓани – рече Талески.

Нагласи и дека во индустриската зона фабрика гради и компанијата „Виндор“  и дека за неполн месец очекува да започне да се гради и трета фабрика во оваа индустрсика зона, нагласувајќи дека станува збор за фабрика за производство на чипс, која ќе ја гради за нивен сограѓанин, кој моментално живее во Австралија.

-Досега имм потпишано 8 одобренија за изгардаба на фабрики во оваа индустриска зона и очекувам ова лето да започнат да се градат три до пет фабрики – нагласи Талески.

Тој додаде и дека Битола е единствената општина која има посебна маркица за филмско студио.

-Токму на ова масто се снимаше филмот „До Балчак“, „Балканот не е мртов“, „Трето полувреме“, и турската серија „Збогум Румелија“, која три години се снимаше тука, и за неа се потрошени 8,5 милиони евра.Се надеваме дека фимаџиите штом помине кризата почесто ќе не посетуваат. Битола и околината е едно од најубавите отворени студија за сниамње филмови на Балаканот – посочи Талески,

Филмаката индустрија, како што посочи талески, е голем бенефит не само за Битола туку и за цела Македонија.

Талески истакан дека луѓето во Битола гелдаат дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е подобрена околината, условите за образование, здравството.

-Кога ќе споредиме со 2005 година кога дојдовме како локална самоуправа, Битола беше еден мрачен град, за разлика од денеска, кога ги модернизиравме сообрачајниците, граѓаните имаат присташ со руралните места, реконструиравме училипта и направивме нови градинки во Битола, од почетокот на нашиот мандат до сега имаме реконстрирано околу 100 улици – потенцираше градоначалникот на Битола Талески од отвореното студио, пред почетокот на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Макеонија“ на плоштадот Магнолија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top