| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски: Битолчани знаат да прават разлика помеѓу празни ветувања и реализација на проекти

ilijaa500

Битола и битолчани знаат да прават разлика меѓу празните ветувања и реализацијата на проектите. Знаеле да направат разлика во минатото, така ќе биде и сега, изјави Зоран Илоски од ВМРО-ДПМНЕ, втор на листатаво ИЕ 5 од отвореното студио во Битола.

Тој воедно ги коментираше и дел од проектите најавени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и кои се наоѓаат во  новата програма која содржи нови 2046 проекти.

-Во тие 2046 проекти има многу проекти кои ги тангираат сите граѓани на Република Македонија, но и многу проекти кои што на еден начин многу поблиску се однесуваат на Битола и околината на овој град. Би спомнал неколку инфраструктурни проекти кои директно влијаат на нашиот живот, а тоа реконструкцијата на патот од Битола преку Ресен до Буково, изградба на нов експресен пат од Градско до Прилеп, со што се скратува патот од Битола до Скопје и другите делови од нашата држава. Потоа реконструкција на железничката пруга од Битола до Кременица, до грчката граница, со изградба на нов крак до индустриската зона Жабени. Освен ова би сакал да го нагласам и проектот проектот за инфраструктурно уредување на старата касарна, реконструкција на скијачкиот центар Копанки, со реконструкција  на патот до Пелистер и најголемата инвестиција во во областа на енергетиката, односно завршувањето на проектот за топлификација со што битолчани ќе почуствуваат друг бенефит од присуството на РЕК Битола во нашата околина, односно ќе добиеме добра зелена енергија за топлење -истакна Илоски.

Зоран Илиoски воедно се осврна на гасификацијата за која вели дека Битола како град ќе има голем бенефит од овој проект.

-Гасификација е еден проект кој што Владата го трука подолго време и почна да го работи подолго време и од кој ќе има бенефит Битола. Освен гасификацијата може да ја спомнеме и  реконструкцијата РЕК Битола во однос на постројките. Изградбата на нов далновот, енергетско поврзување на Битола со останатите енергетски делови од држава – вели Илиoски.

Илиoски вели дека битолчани со давањето глас за доверба на ВМРО-ДПМНЕ и за програмата покажаа дека знаат да ценат, знаат да направат разлика помеѓу празни зборови и остварени проекти.

Воедно посочи дека со проектите кои се наоѓаат во новата програма се надева дека голем дел од истите ќе бидат остварени во Битола, особено во делот на отворањето на нови работни места. Како пример за тоа ја посочи индустриската зона „Жабени“ каде во моментов има 1.200 вработени, а секако се надева на уште нови вработувања. Впрочем такво нешто е најавено во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top