| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотреси ја тресеа Македонија

Вчера попладне беа почувствувани четири земјотреси на територијата на Македонија како последица на серијата 20 земјотреси од соседна Грција

earthquake

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, регистрирани се земјотреси во битолско-ресенскиот регион со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, а во охридскиот регион со интензитет од 3 степени.

Дваесетината земјотреси што ги регистрираа апаратите на Сеизмолошката опсерваторија се со епицентри од леринското епицентрално подрачје, од соседна Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top