Првата фаза од инвестицијата во Македонија, германската компанија „Таурус фармс“ ја заврши со засадување 15 хектари био-плантажа со јаболка и круши во Богданци, за кои се инвестирани 5 милиони евра.
Менаџерот на компанијата,Томас Шварц, денеска информираше дека паралелно со ова заврши и изградбата на складишно-откупен центар кој есенва треба да ги собере и спакува првите плодови.
Шварц нагласи дека ова е ултра модерна био-плантажа во која се работи по европски стандарди. Има ангажирано 10 постојано вработени и 120 сезонски работници на плантажата во Богданци, а ќе се вработат уште 50 лица на трите плантажи на околу 30 хектари кои се во фаза на подготовка.
– Сонцето, одличната почва и поволната бизнис клима не донесоа во Македонија каде што планираме долгорочен работен век – потенцира менаџерот Томас Шварц и додаде дека планот на компанијата е да засади вкупно 500 хектари овошки, а во скоро време ќе почне да
гради и ладилници на површина од 2.500 хектари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паднал од дрво додека берел јаболка: 87-годишен маж почина на КАРИЛ
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места