| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Иванов уживаат голема доверба, 55 проценти сметаат дека ги исполнуваат ветувањата

VMRO Pticja 03

ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Иванов имаат огромна предност пред опозициската СДСМ, покажуваат резултатите од последната анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот меѓу 2 и 5 април на барање на порталот „Курир“.

Според телефонската анкета спроведена на 1.430 испитаници, во сите шест изборни единици, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 27,4 проценти од граѓаните, додека опозициската СДСМ од 15,2 проценти.

za kogo ke glasate1

Премиерот Никола Груевски, пак, со рејтинг од 27,8 проценти ужива речиси четири пати поголема доверба од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого се изјасниле 7,1 проценти од анкетираните.

doverba2

Многу поголема е разликата меѓу граѓаните кои веруваат во победа на ВМРО ДПМНЕ. Дури 34,9 проценти се изјасниле дека веруваат во победа на владејачката партија, а 14,1 проценти сметаат дека победа ќе извојува СДСМ.

koja partija bi pobedila

Повеќе од двојно испитаници би го избрале Груевски доколку треба да се одлучат меѓу премиерот и Зоран Заев.

prasanje4

Огромна е разликата и во мислењето која политичка партија има подобра економска програма на претстојните предвремени парламентарни избори. Дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра економска понуда се изјасниле 40,4 проценти, а за СДСМ 17,1 проценти.

podobra ekonomska programa6

Дури 55 проценти од граѓаните имаат доверба во  ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека ги исполнува дадените ветувања, а дури 61,5 процент веруваат дека СДСМ нема да ги исполни изборните ветувања.

anketa 7 8 prasanje

Огромна предност во однос на противкандидатите има и претседателот Ѓорге Иванов. Зад актуелниот шеф на државата застанале 29,8 проценти од испитаниците, а зад кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, 16,2 проценти. Зоран Поповски од ГРОМ има поддршка од 2,1 проценти, а Илијаз Халими од ДПА 6,9 проценти.

prasanje 9 anketa

Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење, при што Скопје е земено како посебна целина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top