| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција за женско претприемништво

зени
Во организација на Здружението на бизнис жени и Бизнис конфедерацијата на Република Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема
„Женско претприемништво – промоција, лобирање и застапување“.
Конференцијата ќе опфати повеќе апсекти, перцепција и фактичка состојба на женското претприемништво, начините за негово зајакнување, влијанијата врз економијата, лобирањето, изготвувањето политики, промоцијата, социјалното претприемништво.
Конфедерацијата се организира со поддршка на Холандската програма за соработка со работодавците. Освен членови на Здружението на бизнис жени и Бизнис конфедерацијата, ќе учествуваат и претставници од министерствата за економија и за труд и социјална политика, како и менаџерки на сопствени фирми кои ќе споделат практики и искуства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top