Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска усвои резолуција за Украина со која Русија се обвинува за кризата во земјата.
Во документот се наведува дека руските акции во однос на Крим се јасно кршење на меѓународното право, дека централната власт не е во раце на десничарски сили, како и дека нема директна закана по правата на етничките руски малцинства, вклучително и тие на Крим, пренесува ИТАР-ТАСС.
Резолуцијата референдумот за припојување на Крим кон Русија се оценува како неуставен и неговите резултати се оценуваат како неважечки и непризнати од Советот на Европа. ПССЕ, исто така, ја потврди својата поддршка за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина.
Резолуцијата е против федералција на Украина и го признава на легитимитетот на властите во Киев.
ПССЕ бара одржување на предвремени парламентарни избори во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


