| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Поповски ја посети општина Гази Баба

zoran-popovski-1

Кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, претпладнево беше во посета на две скопски населби, а беше и на Саемот на книгата, информираат од партијата.

Придружуван од претседателот на Општинската организација на ГРОМ од Гази Баба, Мартин Колевски, како и од кандидатката за пратеник, Валентина Крупа, Поповски прошета низ пазарот во населбата Ченто, каде што со пазарџиите разговараше за нивното секојдневие и проблемите што тоа им ги носи.

– Намалена е куповната моќ на граѓаните, воопшто не се продава ништо, слабо оди – му рече еден тезгеџија на Поповски, кој се интересираше за прометот што го остваруваат продавачите на пазарчето.

Во Автокоманда, на плоштадот, Поповски беше пречекан од група граѓани кои се собраа околу промотивниот штанд на претседателскиот кандидат.

Зоран Поповски го посети и 26-тиот Саем на книгата, каде посети неколку изложбени штандови, купи книги и поразговара со претставниците на издавачките куќи, информираат од партијата.

 

Посебно внимание поранешниот државен секретар за образование посвети на штандот „Давка“ од Штип, каде покрај книги беа изложени и учебници, училишни и спортски помагала, нагласувајќи ја потребата од осовременување на надгледните средства во сите основни и средни училишта низ државата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top