Вечерва во Музејот на Град Скопје со почеток во 20 часот, во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“ концерт ќе одржат студентите на Факултетот за музичка уметност. На програмата се дела од: Томислав Зографски, „Суита за пијано“,исполнува: Анастасија Грговска – пијано (класа: проф. д-р Марија Ѓошевска). Од Михајло Николовски (1934-1994) „Медитација“ за флејта и пијано, исполнува: Даниела Петкоска – флејта (класа: проф. м-р Страшо Темков), Марија Вршкова – пијано, од Гоце Коларовски (1959-2006), „Ќе се пробудам ли пак…“циклус кратки песни на стихови од А. Вознесенскиј и Х. Петрески (1989), исполнува Катерина Весковска – мецосопран (класа: проф. м-р Марија Муратовска Наумовска), Елена Атанасовска-Ивановска – пијано, од Михајло Николовски (1934-1994), „Балада“ за виолончело и пијано, исполнува: Маја Михајловска – виолончело (класа: проф. Михаил Канка), Елена Атанасовска-Ивановска – пијано, од Томислав Зографски (1934-2000) „Рапсодија за виолина и пијано“, исполнува: Бојан Илкоски – виолина (класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Весна Ангеловска – пијано, од Гоце Коларовски (1959-2006) „Токата“ (III став од соната за пијано, 1984), исполнува: Маја Божиновска – пијано (класа: проф. м-р Тодор Светиев), од Томислав Зографски (1934-2000), „Записи“ оп. 39, исполнува: Мартин Симоновски – бас (класа: проф. Славица Петровска Галиќ), проф. Јован Каровски – пијано, Гоце Коларовски (1959-2006), „Два прелудиума“обработка за флејта и пијано, исполнува: Билјана Камчева – флејта (класа: проф. м-р Страшо Темков), Маја Божиновска – пијано, од Гоце Коларовски (1959-2006), „Вечерен ѕвон“ прелудиум за пијано (1992), исполнува: Стефани Стефановска – пијано (класа: проф. м-р Марија Ѓошевска), од Живоин Глишиќ (*1954), „Варијации на традиционална тема“,исполнува: Симон Поповски – виолина (класа: проф. м-р Олег Кондратенко), од Томислав Зографски (1934-2000), Марика мома убава“, исполнува: Ангелка Гајтановска – сопран (класа: вон. проф. м-р Весна Гиновска – Илкова), Камерен оркестар „Солисти на ФМУ“, дир: проф. Велко Тодевски.
На 9 април, во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“, концерт ќе одржат студентите на Факултетот за музичка уметност од Скопје, во знак на јубилеите на четири значајни македонски композитори: Томислав Зографски, Михајло Николовски, Гоце Коларовски и Живоин Глишиќ. На концертот ќе настапот Камерниот оркестар “Солисти на ФМУ“, Симон Поповски, Ангелка Гајтановска, Биљана Камчева, Мартин Симоновски, Бојан Илкоски и други. Концертот ќе се одржи во Музеј на град Скопје со почеток во 20:00 часот. Влезот е слободен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.