| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот албум на Даниел Кајмакоски во јуни

Првиот албум на Даниел Кајмакоски, кој ќе го издаде американската дискографска куќа „Сони мјузик“, треба да излезе во јуни, пишува „Вест“.

По спектакуларниот дочек во Скопје и родното Мислешево, Струшко, победникот на регионалното музичко шоу „Икс-фактор“ се врати во Белград, каде што наскоро треба да почне подготовка за дебитантскиот материјал на Кајмакоски. На албумот,  како што првично најави продукцијата МБК од Белград, треба да работат балкански и странски автори.

Популарноста на Даниел расте од ден на ден, а победникот на „Икс-фактор“ многу прати им порача на фановите, и на целата јавност, дека е многу среќен и благодарен на поддршката која му ја даваат и дека нема да ги изневери нивните очекувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top