| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на УМС, се бришат графитите со недолична содржина

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на терен спроведе акција во која членовите од сите комитети од Изборната единица 2 ги бришеа графитите со недолична содржина и со неоснован говор на омраза.

ums

– Со ова и минатите акции, УМС сака да покаже дека е општествено одговорна и дека ние се грижиме за животната средина и тоа ќе го правиме и во иднина. Во 12 часот, синхронизирано сите општини од ИЕ 2 ја спроведуваат оваа акција. Бутел, Чаир, Гази Баба, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Куманово, Старо Нагоричане и Чучер Сандево ја спроведуваат оваа активност, се со цел да се отстранат овие графити – рече генералниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

ims1

Од УМС истакнаа дека и во иднина ќе продолжат со спроведување на акции и со грижата за животната средина.

ums2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top