| четврток, 6 декември 2018 |

Иниеста ќе го одигра 500. натпревар во дресот на Барселона

Во реванш натпреварот од четврт-финалето од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид, играчот за врска на Барселона Андрес Иниеста ќе го одигра 500. натпревар во дресот на каталонскиот клуб.

Иниеста за првиот тим на Барселона дебитираше во 2002 година на 18 години, а во неговата кариера постигна 50 гола.

– Тоа е нешто посебно и ме прави многу среќен. Годините минуваат, ти продолжуваш да играш и да се натпреваруваш. Чуството е одлично, бидејќи најтешко е да играш во Барселона – изјави Иниеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top