За пензионерите се предвидува зголемување на пензиите секоја година по 5 отсто, вкупно 21,5 процент.
Ова го истакна Никола Груевски, премиерот на Република Македонија, на гостувањето во емисијата „Јади бурек“.
– Има три категории пензии, ниска, средна и висока. Просекот што сме го зголемиле е 64%. Најниската 74%. Просекот ако го земеме е 64%. За 4 години ќе ги зголемиме уште за 21,5 %. Нов проект е бесплатен туристички викенд за пензионери. Предвидени се околу 43 милиони денари за 4 години, односно по 10,76 годишно. Проектот со бањско-климатска рекреација потврдуваме дека ќе продолжи – нагласи тој.
Груевски, исто така, потврди дека има проект за јавниот транспорт во Скопје за пензионери, со кој тие ќе добијат уште еден ден за бесплатен превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



