| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За инвестицијата во Кичево работевме пет и пол години

gruevski-za-itar-tass

Со фабриката во Кичево „Ки Сејфти Систем“ (Key Saftey Systems)  што објави 1.000 вработувања преговаравме 5 и пол години, истакна премиерот Никола Груевски на вчерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“.

-Виктор Мизо си ја фати работата на крај на 2008, почеток на 2009. До сега се занимавал со нив. Не само со нив, но 5,5 години работи си нив за да ги убеди да дојдат. Затоа на почетокот имаше критики во првата и втората година, зошто ни е Веле Самак, зошто ни е овој, оној… Не е само дека државата дава пари, луѓето работат. Оваа работа не е од денес за утре – рече Груевски.

Тој во своето гостување зборуваше за посветеноста на владиниот тим за привлекување странски инвестиции, потенцирајќи дека тоа е сериозна работа која вродува со плод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top