Вчеравечер околу полноќ две девојки во очигледна алкохолизирана состојба се нафрлиле врз полицаец во Тетово.
Се започнало со расправијата со Н.А. од Џепчиште, кој со своето возило се движел по улицата „Иво Лола Рибар“, а патот му го попречил „голф 3“ во кој се наоѓале 27-годишната Ј.М. од Сараќино и 34-годишната Л.В. од Тетово.
Двете пијани девојки започнале да се расправаат со него, а тој повикал полиција.
Kога пристигнала полицијата Ј.М. најпрво му се нафрлила на возачот на другото возило, а потоа почнала да удира по еден од полицајците. Кога тие сакале да ја приведат, во нејзина одбрана скокнала Л.В. и се приклучила во тепачката со полицајците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.